Информаците за сообраќајот во Скопје и Македонија на Радио ХИТ ги слушате секој ден во термините од 9:15 до 18:15 часот.
Информација за сообраќајот за 06 окт 2016
СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.
ВНИМАТЕЛНО: Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за илзез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.













