ВЕСТИ

Радио ХИТ заедно со дел од естрадата во кампања #СЕДИДОМА

Радио ХИТ заедно со дел од естрадата во кампања #СЕДИДОМА

Во време на изолација и интернет сите бараме решение како да го поминеме секојдневието.

Во ова време кога ништо не е исто и деновите ги минуваме во своите домови регионалното Радио ХИТ реши да направи кампања за своите слушатели како поддршка да останат во своите домови и да ги слушаат препораките за изолација од нашата естрада: „Седи дома и слушај 107,4фм“.

Веќе една недела секојдневно на 107,4 фм можете да ги слушате препораките на дел од нашите јавни личности за тоа што да правите со своите дома но и да слушнете што тие прават овие денови во своите домови.

Па така во микс од многу хитови и секојдневните емисии можете да слушнете што прават во изолација: Влатко Лозаноски, Елена Ристеска, Слаткаристика, Лоба, Антониа Гиговска, Панчо ДНК, Васил Зафирчев, Александра Јанева, Наташа Малинкова, Ѓоко Танески и многу други.

Доколку сакате да ги чуете нивните пораки ви ја пренесуваме подолу плеј листата со видеата кои што се достапни на Јутјуб каналот на радиото…

nenad

March 28th, 2020

No comments

Comments are closed.