SHOWbizz
Се разведуваат Ферги и Џош Дамел!?
Познатата двојка Ферги и Џош Дамел и официјално става крај на својот брак. Пејачката неодамна побарала развод од актерот.
Иако тие уште од 2017 година се разделија, сепак дури сега одлучија тоа и да го официјализираат.
„Си дадоа време да ги разгледаат проблемите и да се обидат да најдат решение, да бидат сигурни дека кога ќе дојде време, ќе ја донесат вистинската одлука. Тие се одлучија на долга разделба за да видат дали работите ќе се сменат. Со текот на времето стана јасно дека разделбата е вистинската одлука и дека е време да продолжат понатаму“ вели извор близок до двојката, а пренесува магазинот „Е!“.
Изворот уште додава:
„Тие се сакаат и имаа одлична комуникација и по разделбата. Но, ги финализираа работите за да можат вистински да продолжат понатаму и да го затворат тоа поглавје во нивните животи. Не се посочуваше на виновник, едноставно се работеше за време“.
Во медиумите се појавува и информацијата дека сосема различниот животен стил на партнерите довел до нивно одалечување.
Инаку, и покрај разводот и двајцата ќе се обидат да бидат одлични родители на нивниот петгодишен сил Аксел Дамел, за кој ќе имаат заедничко старателство.
Двојката беше заедно од 2005 година.
nenad
June 4th, 2019
No comments