SHOWbizz

Руши рекорди: „Педесет нијанси потемно“ најгледан трејлер досега

Руши рекорди: „Педесет нијанси потемно“ најгледан трејлер досега

Трејлерот за „50 нијанси-потемно“ стана најгледано видео на интернет, само 24 часа откако се најде на „YouTube“.

Откако беше објавена најавата за продолжението на „50 нијанси сиво“, за еден ден имаше 114 милиони прегледи, со што е соборен рекордот на „Војна на ѕвездите: Силата се буди“, кој лани имаше 112 милиони прегледи, додека на трето место е трејлерот за „Убавицата и ѕверот“ со 91 милион посети на социјалните мрежи.

Педесет нијанси потемно

Филмот „50 нијанси – потемно“ е сниман според делото на Ел Џејмс и се очекува да биде еден од најгледаните филмови во оваа година.

Премиерата е закажана за 14. февруари 2017, за „Денот на вљубените“.

nenad

September 20th, 2016

No comments

Comments are closed.