SHOWbizz

При слетување во Барселона се урна авионот на Кристијано Роналдо

При слетување во Барселона се урна авионот на Кристијано Роналдо

При допирот со пистата на слетување на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона се урна авионот кој Кристијано Роналдо го купи за 15 милиони фунти пред една година.

„Роналдо, неговото семејство или пријатели не беа во авионот. Несреќата нема последици“, изјави извор за спортското издание на „Мирор“.

Инаку Роналдо со своите соиграчи е во Германија каде се подготвува за натпреварот со Борусија Дортмунд.

Кристијано Роналдо

nenad

September 30th, 2016

No comments

Comments are closed.