SHOWbizz

Еве кој ќе ги наследи милионите на Џорџ Мајкл

Еве кој ќе ги наследи милионите на Џорџ Мајкл

Откако Џорџ Мајкл ненадејно почина во 53-тата година од животот, медиумите веќе почнаа да шпекулираат кој ќе го наследи неговото огромно богатство.

Се очекува најголем дел од имотот на пејачот, кој се проценува на 100 милиони фунти, да оди кај децата на неговите пријатели, на кои Мајкл им бил кум.

Пејачот бил кум на Роман и Харли Мун Кемп, децата на Мартин Кемп, а дел од парите ќе наследи и Блубел, ќерката на поранешната членка на „Spice Girls“ Џери Халивел, која е кума на бившото момче на Џорџ Мајкл, Кени Гос.

Се претпоставува дека во тестаментот како наследници ќе бидат именувани и постарите сестри на Џорџ Мајкл, Мелани и Јиода, неговиот последен партнер Фади Фаваз, како и децата не неговиот роднина Андрос, на кои исто така им бил кум.

Пејачот долги години соработувал со бројни хуманитарни организации, кои, исто така, можеле да добијат дел од богатството на Џорџ Мајкл.

џорџ мајкл

nenad

December 27th, 2016

No comments

Comments are closed.