SHOWbizz

Џеј Зи – првиот рапер милијардер

Џеј Зи – првиот рапер милијардер

Џеј Зи е првиот рапер, кој станал милијардер, објави магазинот „Форбс“, цитиран од светските агенции.

Американската ѕвезда, чија кариера започна во 1996 година, акумулирал богатство од една милијарда долари. Тоа го претвора во еден од ретките милијардери во светот на шоубизнисот и прв кој доаѓал од рап круговите, забележува „Форбс“ во статија посветена на Џеј-Зи, кој е сопруг на пејачката Бијонсе.

Раперот има 49 години. Неговото вистинско име е Шон Картер. Има 14 албуми и 22 Греми награди. Раперот пораснал во Бруклин и продавал дрога како млад човек. Денес, тој е почитуван во бизнис-круговите во Њујорк и одржува пријателски врски со влијателни личности, меѓу кои и поранешниот претседател Барак Обама.

Џеј Зи има акции во брендот шампањ „Арман де Брињак“ и коњакот „Д’Усе“, кои му донеле соодветно 220 и 100 милиони долари. Стриминг каналот „Тидл“, во сопственост на раперот, вреди 100 милиони долари. Музичкиот каталог на раперот се проценува на 75 милиони долари, објави Франс прес. А за 10 години, Џеј Зи заработил 500 милиони долари во музички приходи, додава ТАСС.

Заедно со Бијонсе, Џеј Зи поседува апартман во Трајбека, Менхетен. Тие, исто така, имаат имоти во предградијата на Њујорк и во населбата Бел Ер во Лос Анџелес, а недвижниот имот им се проценува на 50 милиони долари.

Според Форбс, вториот најбогатиот рапер е продуцентот Диди, во минатото познат како Паф Деди. Тој има 825 милиони долари. Продуцентот д-р Дре е трет со 770 милиони долари. Џеј Зи, Диди и Доктор Дре не се само најбогатите рапери, туку и најбогатите американски музичари.

nenad

June 4th, 2019

No comments

Comments are closed.