СПОРТСКИ ВЕСТИ

СПОРТСКИ ВЕСТИ

СПОРТСКИ ВЕСТИ

Слушајте ги  СПОРТСКИТЕ ВЕСТИ секој ден на Радио Хит во термините 09:30, 11:30, 13:30, 15:30, 17:30 часот.

Ова се топ информациите за денеска

06 окт 2016

 

ФУДБАЛ
Македонскиот напаѓач, Јован Костовски фаќа ритам го белгиската втора лига, па откако минатиот викенд ја затресе мрежата на Ломел во ремито од 2-2 сега погоди и против Тубизе притоа носејќи му победа на неговиот Леувен.

КОШАРКА
Дебитантот во АБА лигата, екипата на Карпош Соколи и во вториот натпревар доживеа пораз, овој пат на домашен терен од Игокеа со 84-79.
Како пресудно се покажа првото полувреме кое гостите од Босна и Херцеговина го добија со 15 разлика (47-32), предност која „соколите“ обидоа да ја надокнадат во вторите 20 минути, но сите напади беа одбиени од староседелецот во ова натпреварување.

РАКОМЕТ
Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски беше најзаслужниот за третата победа на Барселона во исто толку натпревари од Лигата на шампионите.
На синоќешното гостување кај бундеслигашот Флензбург, Барселона победи со 28:27 (13:11), а Ристовски дуелот го заврши со 16 одбрани.

nenad

May 19th, 2016

No comments

Comments are closed.