ФЛЕШ вести

ФЛЕШ ВЕСТИ

ФЛЕШ ВЕСТИ

Слушајте ги ФЛЕШ ВЕСТИТЕ на Радио Хит секој час од 9:00 до 18:00 часот.

Ова се топ информациите за денеска 06 окт 2016

Вчерашниот референдум кој се одржа на УКИМ беше успешен. Вкупно 2767 студенти од 22 факултети излегле да го дадат својот глас.
Повеќето, или 2615 студенти се изјасниле за тоа дека не сакаат повеќе Студентскиот парламент да остане невладина организација, туку да биде во склоп на универзитетот, додека 137 студенти рекле дека го поддржуваат СПУКМ ваков каков што е.

НА БАЛКАНОТ ДЕНЕС:
Протест и судир на бегалците во Белград, Србија може да ја затвори границата
Во Турција суспендирани 540 војници поради поврзаност со Фулах Ѓулен

А, ВО СВЕТОТ:
Русија го суспендира договорот со САД за нуклеарни истражувања
Португалецот Антонио Гутереш е новиот генерален секретар на Обединетите Нации

ВРЕМЕНСКА
Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и потопло време. Ќе дува доумерен засилен јужен и југозападен ветер.
Максималните температури ќе бидат во пораст поради ведрото време и јужното воздушно струење и ќе се движат во интервал од 13 до 23 степени.
УВ индексот ќе има вредност 4.

nenad

May 20th, 2016

No comments

Comments are closed.